НЕМА НОВИ СОМНИТЕЛНИ ЗА КОРОНАВИРУС, СПАСОВСКИ АПЕЛИРА ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ СОВЕСНИ

    НЕМА НОВИ СОМНИТЕЛНИ ЗА КОРОНАВИРУС, СПАСОВСКИ АПЕЛИРА ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ СОВЕСНИГраѓаните кои доаѓаат во земјава од ризичните подрачја, да бидат совесни и да се придржуваат на препораките за заштита од коронавирусот, рекоа на граничниот премин Табановце, Филипче и Спасовски. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Нема нови пациенти кои се тестираат за коронавирус на Инфективната клиника во Скопје, изјави денес министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со техничкиот премиер Оливер Спасовски го посетија граничниот премин Табановце за, како што рекоа, да видат дали припадниците на Царинската управа, Министерството за внатрешни работи (МВР) како и на Центарот за јавно здравје се соочуваат со некакви проблеми или предизвици.

    „Нова вест е што вчера стигнаа резултати од лабораторијата од Германија, кои ги потврдија сите наши тестови. Тоа е потврда за точноста на нашата лабораторија на Институтот за јавно здравје“, кажа Филипче, додавајќи дека во тек е набавката на дополнителна опрема, а средставата за дезинфекција утре ќе бидат доставени во основните училишта.

    „Има граѓани кои биле во северна Италија, и без да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот, се појавуваат на работните места. Тоа е на совеста на граѓаните, и затоа упатуваме порака дека најважен момент е самосвеста и што треба во овој момент да направиме за државата, бидејќи многу сме силни кога нешто за нас државата треба да направи. Апелираме да се почитуваат мерките за превентивна заштота“, рече Спасовски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира