107 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО ИТАЛИЈА, УЧИЛИШТАТА ЗАТВОРЕНИ ДО 15 МАРТ, СЕРИЈА А ЌЕ СЕ ИГРА БЕЗ ПУБЛИКА

    107 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО ИТАЛИЈА, УЧИЛИШТАТА ЗАТВОРЕНИ ДО 15 МАРТ, СЕРИЈА А ЌЕ СЕ ИГРА БЕЗ ПУБЛИКАВладата ја разгледува можноста да се донесе одлука еден од родителите да отсуствува од работа за да може да се грижи за малолетните деца. (Фото: АНСА)

    Сите училиштата и факултетите во Италија ќе бидат затворени до 15 март, одлучи италијанската Влада, како максимална мерка на претпазливост од ширење на коронавирусот. Се одложуваат и сите јавни настани и манифестации на отворено, а спортските натпревари меѓу кои и фудбалските натпревари од серија А ќе се играат без публика.

    Министерката за образование на Италија Лучија Ацолина кажа дека одлуката да се затворат училиштата не била лесна и се надева дека учениците ќе се вратат на училиште што е можно поскоро.

    „Владата веќе ја разгледува можноста да се донесе одлука еден од родителите да отсуствува од работа за да може да се грижи за малолетните деца кои сега се дома“, рече Ацолина.

    Во Италија бројот на заразени со коронавирс е 2.706. Починати се 107 лица, а бројот на излекувани досега е 276 или 8,49 отсто.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира