Тестови од двајца странски државјани кои на 28 февруари дошле во земјава, едниот од Австралија, другиот од Сингапур во моментов се тестираат на Инфективната клиника во Скопје, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Тој кажа дека од хотел во Скопје, каде што се сместени туристите, ги информирале здравствените власти дека веќе три дена имаат симптоми слични на настинка.
Тие дошле со авион на „Визер“ од Келн во Скопје. Во моментов, вели Филипче, со нив разговараат епидемиолози за тоа какви контакти имале изминативе денови, а тие двајца ќе останат во карантин во хотелската соба. Резултатите од тестовите ќе бидат познати за три до четири часа.
Б. НЕСТОРОСКА