СИТЕ ТАПИСЕРИИ НА РАФАЕЛ ПО ПЕТ ВЕКА СЕ ВРАЌААТ ВО СИСТИНСКАТА КАПЕЛА

    СИТЕ ТАПИСЕРИИ НА РАФАЕЛ ПО ПЕТ ВЕКА СЕ ВРАЌААТ ВО СИСТИНСКАТА КАПЕЛАСедум од таписериите, кои биле нарачани од папата Лав Десетти, биле закачени во Систинската капела на 26 декември 1519. „Последниот податок кој го имаме е дека сите заедно биле изложени во Систинската капела во доцните 1500-ти“, вели кураторката на изложбата Алесандра Родолфо. (Фото: Ројтерс)

    За првпат по неколку векови, сите 12 таписерии кои ги дизајнирал Рафаел ќе се закачат на ѕидовите во Систинската капела, во рамки на големата изложба за 500-годишнината од смртта на големиот италијански уметник.

    Да се додадат ремек-дела во Систинската капела на Микеланџело е излишно како да се додадат уште дијаманти на кралската круна. Но, автор на тие ремек-дела е Рафаел, современикот и ривал на Микаленџело, па Ватикан направи исклучок во тој случај.

    „Тие биле планирани за овој простор и затоа сметавме дека ова е најдобар начин за да се прослави годишнината“, изјави Барбара Јата, директорка на Ватиканските музеи.

    Да се додадат ремек-дела во Систинската капела на Микеланџело е излишно како да се додадат уште дијаманти на кралската круна. Но, автор на тие ремек-дела е Рафаел, современикот и ривал на Микаленџело, па Ватикан направи исклучок. (Фото: Ројтерс)

    Таписериите се враќаат во Систинската капела следната недела, каде што и биле кога Микеланџело го завршил сликањето на таванот во 1512 и кога почнал да го слика Страшниот суд зад главниот олтар во 1536.

    Седум од таписериите, кои биле нарачани од папата Лав Десетти, биле закачени во капелата на 26 декември 1519. Се претпоставува дека Рафаел присуствувал на тоа, но четири месеци подоцна починал на 37 години. Останатите биле завршени после неговата смрт.

    „Последниот податок кој го имаме е дека сите заедно биле изложени во Систинската капела во доцните 1500-ти“, вели кураторката на изложбата Алесандра Родолфо.

    Тапсиериите се изработени од свила и волна, со златен и сребрен конец, и во изминативе десетина години беа конзервирани од конзерваторите во Ватикан. Досега беа изложувани само десетте големи таписерии, високи по шест метри, и тоа на изложби кои траеле по неколку часа на еден ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира