Шеесет и четири вработени лица на Клиниката за кожни болести, 11 пациенти кои биле хоспитализирани и 13 пациенти кои се лекувале во дневната болница во клиниката се во 14 дневна изолација, откако биле во контакт со директорката која е заболена од коронавирус, рече министерот за здравство Венко Филипче. Клиниката е затворена.
„Иако се сите со различен степен на ризик, сметаме дека треба да се преземе оваа мерка“, рече тој.
Во домашна изолација се и двајца членови на нејзиното семејство.
Викендов се одржал симпозиум за дерматовенеролози во Скопје, на кој присуствувале 103 лица. На тој симпозиум била и зарзаената директорка. Бидејќи таму биле и сите доктори од дерматовенеролошкото одделение во Штип, и одделението во штипската болница ќе биде затворено. Имало и тројца доктори од Грција.
Салата каде се одржал симпозиуот е исчистена, исто како и Клиниката за кожни болести.
Во моментов се тестираат осум лица за коронавирус.
Б. НЕСТОРОСКА