ТАКСИСТИТЕ ДА ВОЗАТ СО МАСКИ И РАКАВИЦИ, А ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ДА ГИ ДЕЗИНФИЦИРААТ АВТОБУСИТЕ СЕКОЈ ДЕН, ПРЕПОРАЧА ГРАД СКОПЈЕ

    ТАКСИСТИТЕ ДА ВОЗАТ СО МАСКИ И РАКАВИЦИ, А ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ДА ГИ ДЕЗИНФИЦИРААТ АВТОБУСИТЕ СЕКОЈ ДЕН, ПРЕПОРАЧА ГРАД СКОПЈЕВозилата на ЈСП се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото, како што се држачите. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Сите таксисти од денеска треба да возат со заштитни маски и ракавици, и секој ден да ги дезинфицираат возилата. Град Скопје ги известил сите такси превозници дека треба да се придржуваат до овие препораки заради заштита од коронавирусот.

    Исто така известени се сите приватни превозници на автобусите во јавниот превоз, да ги дезинфицираат возилата пред да бидат пуштени во сообраќај, како што тоа се прави во автобусите на ЈСП „Скопје“.

    „Инспекторите ќе контролираат дали приватните превозните и такси возачите се придржуваат кон препораките. Сите они кои нема да ги почитуваат правилата ќе бидат исклучени од сообраќај. Здравјето на граѓаните е најважно и затоа нема да правиме компромиси“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

    Автобусите на ЈСП „Скопје“ вонредно се дезинфицираат од пред две недели. Возилата се дезинфицираат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10 %, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото, како што се држачите. Секое возило се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линијата или потоа, во зависност од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.

    Согласно препораките на Владата, од денеска укинат е бесплатниот автобуски превоз за пензионери, студенти и ученици, а автобусите возат со редуциран возен ред.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира