Во текот на викендот се дезинфецираат просториите на сите министерства и органи на управата. Дезинфекција ќе се изврши и во вилата Водно на претседателот Стево Пендаровски, магацинските простории на општите служби, како и на возниот парк на Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Од Службата за општи и заеднички работи велат дела врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата, поделени се средства за дезинфекција на раце во повеќе министерства, владини институции, како и во дел од органите во состав на министерствата.
„Средствата за дезинфекција на раце се наменети за сите вработени во институциите како и за граѓаните што ги користат нивните услуги, зашто здравјето на граѓаните е најважно. Дезинфекција како и снабдувањето на институциите со средства за дезинфекција на раце ќе продолжи во повеќе наврати, особено таму каде што е најголема фреквенцијата и комуникацијата на граѓаните со администрацијата“, велат од Службата за општи и заеднички работи на Влада.