МАКЕДОНЦИТЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО МАЛТА ОТКАКО ВИЗЕР ГИ ОТКАЖА ЛЕТОВИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ВРАТАТ ПРЕКУ ИСТАНБУЛ, ВЕЛАТ ОД МНР

    МАКЕДОНЦИТЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО МАЛТА ОТКАКО ВИЗЕР ГИ ОТКАЖА ЛЕТОВИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ВРАТАТ ПРЕКУ ИСТАНБУЛ, ВЕЛАТ ОД МНРГолем број граѓани останаа заглавени на Малта бидејќи „Визер“ ги откажа летовите од Скопје-Аеродромот Луга.- (Фото: СДК.МК)

    Македонските државјани кои се заглавени во Малта откако компанијата „Визер“ ги откажа летовите од и до Скопје, се пренасочуваат да се вратат во земјава преку аеродромот во Истанбул, информираа од Министерството за надворешни работи.

    Откако поради ширењето на коронавирусот голем број европски земји почнаа да ги затвораат границите и без најави се откажуваат летови, МНР отвори телефонски линии за помош на граѓаните кои се наоѓаат во странство. Од таму објаснуваат дека од вчера имале голем број повици, при што на заглавените наши граѓани им понудиле решенија и совети како да патуваат кон Скопје.

    „Во Малта нашите граѓани се упатуваат за враќање преку аеродромот во Истанбул. Во Шпанија како земја со висок ризик, се изнаоѓаат алтернативни дестинации и транзити како нашите граѓани би можеле да допатуваат во Скопје, што е случај и со аеродромот во Белград, а се работи и во координација со соседна Албанија“, велат од МНР.

    Вчера вечерта беше организиран и транзит на неколку македонски превозници кои беа заглавени на италијанско-словенечката граница, поради нејзино затворање од страна на словенечките власти. Преку дипломатско-конзуларните претставништва во Љубљана и Загреб, беше организиран транзитен камионски транспорт со полициска придружба.

    На вчерашната владини седница беше донесена мерка да се затворат сите гранични премини во земјава освен Табановце, Богородица, Блаце, Ќафасан и Деве Баир. Се воведува и дополнителна мерка за забрана за влез на странски државјани и од земјите со среден ризик. Македонските дравјани кои се враќаат дома од земјите со среден и висок ризик по пристигнувањето потпишуваат изјави дека ќе останат во самоизолација 14 дена.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира