СО ПОЛИЦИСКА ПРИДРУЖБА СЕ ПРЕНЕСУВААТ ДРЖАВЈАНИ НА КОСОВО И АЛБАНИЈА ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ДО ГРАНИЦА

    СО ПОЛИЦИСКА ПРИДРУЖБА СЕ ПРЕНЕСУВААТ ДРЖАВЈАНИ НА КОСОВО И АЛБАНИЈА ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ДО ГРАНИЦАЗа 32 државјани на Албанија и 20 државјани на Косово, кои слетале на скопскиот аеродром, веднаш е организиран автобуски превоз до граница.- Дезинфекција на Меѓународмиот аеродром Скопје. (Фото: ТАВ)

    Државјани на Албанија и Косово со полициска придружба се пренесуваат до граничните премини од аеродромот во Скопје. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук профил напиша дека за 52 државјани на овие две земји кои денеска слетале во Скопје, веднаш бил организиран автобуски превоз од аеродромот до граница.

    „Во моментов Министерството за внатрешни врши патролно обезбедување на автобуси со 32 државјани на Албанија и 20 државјани на Косово, кои од Скопскиот аеродром ќе бидат проследени до граничен премин на излез од државата“, напиша Чулев на Фејсбук.

    На аеродромот во Приштина од 12 март забранети се сите летови од Германија, Швајцарија, Италија и Франција. На Скопскиот аеродром компанијата „Визер“ досега ги откажа летовите за Италија, Малта и Словачка. Летовите на унгарската нискобуџетна компанија од Скопје за повеќе германски градови, за Париз (Буве) и за Базел, како и за Барселона засега се одржуваат редовно.

    Со мерките на Владата укинати се сите летови на аеродромот во Охрид „Свети Апостол Петар и Павле“.

    Чулев на денешната седница на Кризниот штаб побарал да се затворат сите граници за влез во државава, која ќе важи за сите патнички возила, освен за македонските државјани. Ова барање на Чулев ќе се разгледува на вечерашната владина седница.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира