Европското фудбалско првенство, што требаше да се игра во јуни и јули годинава, е одложено за 2021 поради пандемијата на коронавирусот, одлучи УЕФА на денешниот видеосостанок со националните фудбалски федерации.
Ова е првпат во 60-годишната историја на натпреварувањето тоа да биде одложено.
Од Норвешката фудбалска федерација информираа дека е договорено Европското првенство да се игра од 11 јуни до 11 јули 2021. Договорот ќе биде потпишан во текот на денот.
Одложувањето на ЕП ќе овозможи доигрување на националните фудбалски првенства кои сега се во прекин.