Пациентаката од Дебар која подолго време беше на респираторна машина почина пред неколку часа на Инфективната клиника во Скопје, кажа министерот за здравство Венко Филипче.
Пациентката имаше 66 години и примала хронична терапија за хипертензија. Во земјава досега починаа три лица од коронавирус.
Дваесет и девет нови заболени со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. По градови, новите пациенти со КОВИД-19 се од: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 108, Дебар (41) – 1 починат, Куманово (11) – 1 починат, Штип (7), Велес (3), Кавадарци (2), Охрид (2), Прилеп (2) и едно лице во Гостивар.
Б. НЕСТОРОСКА