СИМПАТИЗЕРИТЕ НА ДУИ СМЕТААТ ДЕКА ВЛАСТА Е КОРУМПИРАНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СИМПАТИЗЕРИТЕ НА ДУИ СМЕТААТ ДЕКА ВЛАСТА Е КОРУМПИРАНА

    Дури 82 отсто од анкетираните членови и симпатизери на ДУИ сметаат дека има корупција во власта и во институциите со кои раководи таа, покажало истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Од прашаните симпатизери на ДПА, пак, 79,5 % сметаат дека има корупција, како и 73 отсто од тие од СДСМ. Но, и 34,1 % од прашаните симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека има корупција во Македонија.
    Коруптивниот притисок од службените лица и подлегнувањето на граѓаните на тој притисок, според истражувањето на МЦМС, оваа година, во однос на 2014, бележат зголемување.
    Отпор кон корупцијата, вели Извештајот на МЦМС за проценка на корупцијата, кој беше презентиран денеска, речиси и да не постои. Годинава на 30,5 отсто (од анкетираните граѓани) им бил побаран поткуп, а 29,2 отсто од нив дале поткуп. Скоро сите. Само 46,9 отсто од испитаните се изјасниле дека не би дале поткуп ако им биде побаран.
    Казнивоста за ова дело е на катастрофално ниско ниво, само 0,04 проценти, а за тоа, како што беше кажано презентацијата, сведочи статистиката: од пола милион извршени кривични дела, во 2014 година биле осудени само 14 за поткуп и 193 за злоупотреба на службената положба.
    Во Македонија, Албанците се двојно повеќе изложени на корупција, вели истражувањето, а ни кај нив, ни кај мнозинството Македонци, не постои навика за пријавување на овие дела.
    Како најкорумпирани, перцепирани се судиите, министрите, лидерите на политичките партии  и пратениците. Како најмалку корумпирани, оценети се наставниците, банкарите и претставниците на граѓанските организации. По сектори, судовите, Владата и Парламентот се најкорумпирани, а потоа следуваат и Обвинителството и Царина.
    Во регионот, поголема корупција од Македонија има само во Албанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира