ИЗБОРИ ЌЕ ИМА НА 11 ДЕКЕМВРИ

    ИЗБОРИ ЌЕ ИМА НА 11 ДЕКЕМВРИ

    Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 декември, соопштија лидерите по завршувањето на речиси 6-часовната лидерска средба во Клубот на пратениците во Скопје.  Од 2 септември почнува почитувањето на роковите предвидени во договорот. Договорот го потпишаа лидерите на 4-те партии потписнички на договорот од Пржино, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ И ДПА.

    „Мислам дека е многу добро што потпишавме договор за фер и демократски избори за 11 декември, но поважно е ониие партии кои ќе ја сочинуваат владата во овие 100 дена да стопрат се демократиојата да ја има и на терен“, рече Мендух Тачи лидерот на ДПА.

    Вечерва Љуљзим Хaзири, дописник на МТВ од Гостивар и професор, на средбата е избран да биде петтиот член во ад-хок телото за следење на медиумите во предизборниот период. Тој ќе работи заедно со Слаѓана Димишковска, Цветин Чилиманов, Љубомир Костовски и Горан Трпеноски.

    Санта Аргирова е новиот главен уредник на информативната програма на јавниот сервис МТВ

    Санта Аргирова е новиот главен уредник на информативната програма на јавниот сервис МТВ

    Санта Аргирова е избрана за нов главен уредник на јавниот сервис МТВ, на предлог на СДСМ. Аргирова е новинарка со над 25-годишно професионално искуство, која кариерата ја започна во јавниот сервис МРТВ, а работеше и во телевизиите Телма и Алфа. Таа беше шеф на кабинетот на Илинка Митрева кога беше министерка за надворешни работи. Аргирова е и авторка на два романа, политичките трилери „Портрет од Дрезден“ и „Добро утро Јаков“. Новиот главен уредник треба да ја води информативната редакција на МРТ 100 дена пред изборите, односно веќе в петок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира