ПОЛИЦАЈЦИ НЕ ПУШТАЛЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ДА ОДАТ НА ФАРМА ОТИ НЕМАЛЕ ПЕЧАТ, А ДОЗВОЛИТЕ ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ПОЛИЦИСКИ ЧАС СЕ ЕЛЕКТРОНСКИ

    ПОЛИЦАЈЦИ НЕ ПУШТАЛЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ДА ОДАТ НА ФАРМА ОТИ НЕМАЛЕ ПЕЧАТ, А ДОЗВОЛИТЕ ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ПОЛИЦИСКИ ЧАС СЕ ЕЛЕКТРОНСКИОд Министерството за земјоделие велат дека дозволите за земјоделците се исти како и за сите други граѓани, кои поради работните обврски мораат да се движат и за време на полицискиот час, електоснки и со бар код и не треба да имаат печат. (Фото: К.Попов)

    Дозволите за движење за време на полицискиот час се издаваат електронки и на нив не треба да има печат, тие имаат бар код, велат од Министерсвото за земјоделие откако попладнево до редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК стигна реакција на земјоделци од скопско,  на кои полицајци при контрола им барале печат на потврдата за движење.

    „Им објаснував дека станува збор за електронски дозволи, дека ни се пратени по електронска пошта и не треба да имаме печати туку имаме бар кодови. Не ме пуштаа да заминам на фармата и ми се закануваа дека ќе ми пишат кривична пријава“, вели земјоделец од скопско Кучково кој се јави во нашата редакција.

    Од Министерството за земјоделие велат дека дозволите за земјоделците се исти како и за сите други граѓани кои поради работните обврски мораат да се движат и за време на полицискиот час.

    „Земјоделците до нас аплицираат, а ние потоа ги праќаме барањата до Министерството за информатичко општество и администрација, од каде се издава дозволата на писмен документ со бар код и потоа се праќа на емаил адресата на земјоделецот. Полицијата на никого не треба да му бара печати“, велат од Министертсвото за земјоделие.

    Според правилата и условите на Владата, право на движење за време на полицискиот час има само еден член на земјоделско стопанство, а доколку во земјоделското стопанство има член помлад од 67 години, не се издава согласност за лице постаро од 67 години. Согласноста се дава само за движење од адресата на живеење до фармата или нивата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира