МЕЃУ ЗАБОЛЕНИТЕ БИТОЛЧАНИ СО КОРОНАВИРУС ИМА И ДЕТЕ

    МЕЃУ ЗАБОЛЕНИТЕ БИТОЛЧАНИ СО КОРОНАВИРУС ИМА И ДЕТЕОд Министерството за здравство потврдија дека последните два случаи со КОВИД-19, се сопруг и дете на веќе заболена битолчанка. Широк сокак во временна вонредна состојба (Фото: СДК.МК)

    Меѓу заболените битолчани има и дете, потврдија од Министерството за здравство. Од таму велат дека последните двајца регистрирани битолчани од вчера, позитивни на коронавирус, се сопруг и дете на веќе заболена битолчанка од претходните кластери.

    Во Битола вкупно има осуммина со КОВИД-19. Меѓу нив заразени се медицински лица од приватна болница, како и еден битолчанец од дом за стари лица, каде се земени брисеви и на други лица кои дошле во контакт со него.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира