Двајца сместени во државен карантин заради заштита од коронавирус во хотел во Охрид се казнети оти отишле во друга соба да слушаат музика. Двајцата, едниот од Битола, а другот од Кавадарци, од својата соба отишле во собата на лице од Берово.
„Полицискиот службеник најпрво ги предупредил, а потоа ги вратил во нивните соби. Против сите три лица е поднесена кривична пријава во согласност со членот 206 од Кривичниот закон – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, кажа портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 503 лицa што се под задолжителна мерка државен карантин, од кои во Охрид 202, а Струга 301, кои се сместени во четири сместувачки објекти, велат од СВР Охрид.
Д. ЧУБРИЌ