НАТО ФОРМИРА ТИМ ЗА БОРБА СО ЛАЖНИ ВЕСТИ И ДЕЗИНФОРМАЦИИ НА РУСИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, КАЖА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО АЛИЈАНСАТА КЕЈ ХАЧИСОН

    НАТО ФОРМИРА ТИМ ЗА БОРБА СО ЛАЖНИ ВЕСТИ И ДЕЗИНФОРМАЦИИ НА РУСИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, КАЖА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО АЛИЈАНСАТА КЕЈ ХАЧИСОНКако најнова членка на НАТО Северна Македонија е посебна цел на кампањата на дезинформации организирана од Русија, рече амбасадорката на САД во НАТО Кеј Бејли Хачисон. (Фото: МИА)

    НАТО формира тимови за борба со хибридни закани во Северна Мaкедонија и Црна Гора, откако лажните вести и дезинформации на Русија и Кина зедоа голем замав со кризата на пандемијата од корнавирус во Западен Балкан, изјави за МИА амбасадорката на САД во Алијансата, Кеј Бејли Хачинсон.

    „Алијансата очекува од Скопје дополнителни информации за формирање на таков тим и за Северна Македонија, а чија цел е подготовка на медиумите во земјата како да ги одвратат кампањите на дезинформација од Русија“, изјави амабасадрката на денешниот онлајн видеобрифинг за новинарите во Вашингтон, потенцирајќи дека тимот во Црна Гора е веќе распореден.

    Според амбасадорката, како најнова членка на НАТО Северна Македонија е посебна цел на кампањата на дезинформации организирана од Кремљ.

    „Во Северна Македонија се шират многу лажни вести во однос на коронавирусот и помошта во опрема што НАТО ја даде на сојузничка за справување со кризата во вонредни ситуации“, додаде Хачинсон.

    Според неа, дезинформациите од Русија се случуваат одамна, уште кога Северна Македонија побара да стане членка на НАТО и продолжија кога приемот на земјата во Алијансата беше потврден.

    „Ние се обидуваме директно да се спротивставиме со факти дека Северна Македонија е полноправна членка и како сојузничка е поддржана од НАТО во оваа криза и дека помошта ќе продолжи, вклучително и помош за справување со дезинформациите кои доаѓаат од руски извори“, изјави амбасадорката.

    Лидерите на НАТО одобрија создавање тимови за борба со хибридни закани во јули 2018. Овие тимови обезбедуваат специјализирана помош по мерка, побарана од сојузниците, за справување и одговор на хибридните закани.

    Како дел од помошта на Алијансата, Северна Македонија го користи системот за командување со инциденти на НАТО – НИЦС, со цел координација на одговорот на кризата предизвикана од КОВИД-19, како и да обезбеди јавни информации и совети за справување во реално време.

    Хачинсон ги повикува сојузниците од НАТО да се спротистават на дезинформациите од Русија и Кина во однос на коронавирусот, посочувајќи дека никој не очекувал оти во време на светска пандемија, противниците на Алијансата ќе го изразат своето незадоволство токму така.

    „Тие лажно известуваат дека праќаат помош, тие лажно известуваат дека овој вирус се појавил или во Европа или во САД, зависно кој медиум ја пласира информацијата. Тоа е апсолутно лажно, и се обидуваме да одговориме на неточната информација со факти“, кажа Хачинсон.

    Амабасадрката укажа дека сето тоа е дел од постојаната и забележлива хибридна и сајбервојна „со која не само што се обидуваат да шират незадоволство, но и да го девалвираат нашето лидерството во време кога западните општества бараат лидери за справување со безбедноста и помошта што им е потребна во време на криза“.

    „Енергично сме во положба сите заедно од Алијанста јасно да кажеме: одбиваме дезинформации во време на хуманитарна криза“, рече амбасадорката Хачинсон на денешниот брифинг за новинарите во Вашингтон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира