НОВИНАРИТЕ ВО КУМАНОВО БЕА ИЗЛОЖЕНИ НА ОПАСНОСТ ДА СЕ ЗАРАЗАТ ОД КОРОНАВИРУС НА ПРЕС-КОНФЕРЕЦИЈАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, РЕАГИРА ЗНМ

    НОВИНАРИТЕ ВО КУМАНОВО БЕА ИЗЛОЖЕНИ НА ОПАСНОСТ ДА СЕ ЗАРАЗАТ ОД КОРОНАВИРУС НА ПРЕС-КОНФЕРЕЦИЈАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, РЕАГИРА ЗНМMедиумските работници ја собираат опремата по завршувањето на прес-конференцијата на 15 април која се се одржа во ходникот на зградата на поранешен Комитет, присуствува дваесетина новинари, камермани и фоторепортери, а при тоа не беше запазена дистанцата меѓу нив, поради тесниот простор. (Фото: СДК.МК)

    Здружението на новинарите на Макеоднија (ЗНМ) упати критика до организаторите на последната прес- конференција во Куманово на 15 април, со која новинарите беа изложени на опасност да се заразат од вирусот КОВИД-19. На прес-конференцијата којашто се одржа во ходникот на зградата на поранешен Комитет, пред почетокот на Општинскиот кризен штаб каде што покрај градоначалникот Максим Димитриевски дојдоа и премиерот Оливер Спасовски и тројцата министри Бујар Османи, Венко Филипче и Арбр Адеми, присуствува дваесетина новинари, камермани и фоторепортери, а при тоа не беше запазена дистанцата меѓу нив, поради тесниот простор. Повеќето од присутните носеа заштитна опрема, маски и ракавици, кои ги делеа луѓе од Општина Куманово, а беа поставени и средства за дезинфекција.

    Следниот ден, на 16 април, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски објави дека е заразен со коронавирус.

    „Во овој дел сакаме да упатиме критика за последната прес-конференција организирана во Куманово од страна на градоначалникот. Таа, според нашите колеги, била организирана во затворен простор со присуство на повеќе соговорници, новинари и медиумски работници, кои имале меѓу себе физички контакт. Потоа се укажа дека градоначалникот бил заразен од КОВИД-19, со што нашите колеги директно биле изложени на здравствен ризик“, вели ЗНМ.

    ЗНМ бара во иднина да се организираат прес-конференции на отворен простор кога тоа го дозволуваат временските услови, со физичка дистанца меѓу новинарите, но и меѓу новинарите и соговорниците.

    „Поради фактот дека новинарите, покрај здравствените работници, се можеби најизложени на ризикот од заразување со коронавирусот, сметаме дека институциите мора да обезбедат услови за тестирање на новинарите и медиумските работници ако тоа е побарано од нив“, апелира ЗНМ.

    ЗНМ укажува и дека слободата на изразување мора да биде гарантирана и во време на вонредна состојба. Смета дека со продолжувањето на вонредната состојба во земјава мора да се најде начин за подобра комуникација и транспарентност во односот на владините институции и здравствените центри, a во насока на гарантирање на слободата на изразување и правото на информирање. Укажува дека за транспарентноста институциите не смеат да си дозволат да споделуваат информации само со одредени новинари или медиуми пред одржување на прес-конференциите и на тој начин да се обезбедува ексклузива на одредени медиуми, наспроти сите останати кои се упатени да ги следат прес-конференциите.

    „Кога се наоѓаме во вака деликатна ситуација, сите медиуми треба да имаат еднаков пристап до информации кои се важни за јавноста“, велат од ЗНМ.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира