УСТАВНИОТ СУД УШТЕ ОДМАРА ОД СЕДНИЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УСТАВНИОТ СУД УШТЕ ОДМАРА ОД СЕДНИЦИ

    Уставниот суд нема да има седница во среда, иако летната ферија заврши на 31. август и официјално уставните судии се на работа од први овој месец. На веб страната на Уставниот суд, како последна стои седницата на 30 јуни.

    Она што се чека цела пролет и цело лето од највисокиот суд е да закаже седница по поднесената иницијатива со која се оспорува Специјалното јавно обвинителство, односно Законот за СЈО.

    Со недели, граѓаните почнувајќи од пред зградата на Специјалното обвинителство, секој ден протестираа за да го натераат Уставниот суд да заседава и да одлучи по поднесената претставка против СЈО. Граѓаните протестираа и го обоија и Уставниот суд, во знак на револт дека намерно не ја закажува седницата, за да го држи под притисок ова обвинителство. Претседателката Елена Гошева јавно го осуди боењето на влезот на Судот, но седница не закажа.

    Во договорот од 20 јули лидерите на 4-те најголеми партии потписнички на Пржинскиот договор го повикаа што поскоро да ја донесе одлуката. Според договорот од 20 јули, „во случај Уставниот суд да одлучи дека Законот за Специјалното јавно обвинителство или делови од него се неуставни, четирите партии се обврзаа во рок од пет дена да го усогласат со одлуката на Судот и одново да го воспостават СЈО. Ефикасноста, опсегот и целите на СЈО треба да бидат задржани“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира