21.542 ФИРМИ АПЛИЦИРАЛЕ ЗА ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ

    21.542 ФИРМИ АПЛИЦИРАЛЕ ЗА ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИДиректорката на УЈП Сања Лукаревска кажа дека барањата ќе се обработат и потврдат за три дена и ќе бидат доставени до Генералниот секретаријат на Владата, од каде ќе се врши исплатата на средствата.(Фото: Влада на РСМ)

    За помош од државата за исплата на минимална плата за месеците април и мај аплицирале 21.542 компании. Како што кажа на денешната прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, барањата ќе се обработат и потврдат за три дена и ќе бидат доставени до Генералниот секретаријат на Владата, од каде ќе се врши исплатата на средствата.

    Од угостителскиот сектор поднесени се 2.377 барања, од туристичките агенции и туроператори 253, од секторот транспорт 2.177, објекти за сместување 258 барања и 16.625 барања од останатите дејности.

    За финансиска поддршка за исплата на плати конкурираа и физички лица кои вршат самостојна дејност и според податоците на УЈП, за остварување на ова право поднесени се 5.840 барања.

    Одговарајќи на новинарско прашање зошто мал број фирми побарале помош, Лукаревска кажа дека можеби дел од компаниите ги користеле другите економsки мерки од Владата, како кредити од Развојната банка.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира