САКАВМЕ ДА СЕ ЗАБЛАГОДАРИМЕ НА ХРВАТСКА ЗА ПОМОШТА НА ПАТОТ КОН ЕУ, ВЕЛАТ ОД МАКЕДОНСКИ ПОШТИ ЗА УТКАТА СО ПОШТЕНСКАТА МАРКА ОД ВРЕМЕТО НА УСТАШТВОТО

    САКАВМЕ ДА СЕ ЗАБЛАГОДАРИМЕ НА ХРВАТСКА ЗА ПОМОШТА НА ПАТОТ КОН ЕУ, ВЕЛАТ ОД МАКЕДОНСКИ ПОШТИ ЗА УТКАТА СО ПОШТЕНСКАТА МАРКА ОД ВРЕМЕТО НА УСТАШТВОТОМарката беше пуштена во употреба денеска, на одбележување на Денот на победата над фашизмот. На поштенската марка беше ставена карта од Независна држава Хрватска од Втората свестка војна, во која се опфатени територии од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.(Фото: Македонска пошта)

    Издавањето на поштенската марка со карта на Хрватска од времето на Втората светска војна било ненамерна грешка, велат од Македонски пошти. Од таму додаваат дека марката е повлечена од употреба и разрешени се одговорните лица.

    „Се извинуваме за ненамерната грешка и техничките пропусти направени при при објавување на пригодната поштенската марка од серијата ‘Северна Македонија во ЕУ’ чија цел е одбележување на претседавањето на Република Хрватска со Европската унија. На поштенската марка претставена е погрешна карта на Република Хрватска и другите земји од регионот и поради тоа марката веднаш се повлекува од употреба што подразбира поништување на целокупно издадениот тираж од 6.000  примероци. Наша цел беше со оваа поштенска марка да изразиме благодарност до Хрватското претседателсво со  ЕУ за помошта и поддршката на нашата држава“, велат од АД „Пошта на Северна Македонија“.

    Марката беше пуштена во употреба денеска, на одбележување на Денот на победата над фашизмот. На поштенската марка беше ставена карта од Независна држава Хрватска од Втората светска војна, во која се опфатени територии од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

    Поради ваквата утка српската влада достави протесна нота до македонската амбасада во Белград.

    „По повод ненамерната техничка грешка денеска беше одржана итна седница на Управниот одбор, на која беше донесена одлука да се повлече од употреба од марката, а разрешени се раководителот на Бирото за филателија и Советот за поштенски марки“, се вели во соопштението од Македонски пошти.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира