СУБВЕНЦИИ ДО 3.000 ДЕНАРИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И 7.000 ДЕНАРИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ ЌЕ ДЕЛИ ГРАД СКОПЈЕ ОД КРАЈ НА МЕСЕЦОВ

    СУБВЕНЦИИ ДО 3.000 ДЕНАРИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И 7.000 ДЕНАРИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ ЌЕ ДЕЛИ ГРАД СКОПЈЕ ОД КРАЈ НА МЕСЕЦОВГодина се доцни со повикот поради епидемијата на КОВИД-19, но од Градот велат дека сега на огласот ќе може да аплицираат сите граѓани кои купиле велосипед или тротитен од први јануари. (Фото: К.Попов)

    Месецов Град Скопје ќе објави оглас за доделување на субвенции за велосипеди и електрични тротинети. Годинава се доцни со повикот поради епидемијата на КОВИД-19, но од Градот велат дека сега на огласот ќе може да аплицираат сите граѓани кои купиле велосипед или тротинет од први јануари. Минатите години можеше да аплицираат граѓаните кои купиле велосипед или тротинет од денот на објавување на повикот.

    Огласот ќе биде објавен по одржувањето на седницата на Советот на Град Скопје кон крајот на мај, на која треба да биде изгласана оваа програма.

    „Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход“, велат од Град Скопје.

    Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 10 милиони денари од кои 8,5 милиони денари ќе бидат наменети за велосипеди, а 1,5 милион денари за електрични тротинети. Согласно предвидените средства ќе се доделат  субвенции за околу 2.800 велосипеди и околу 215 електрични тротинети.

    Повикот ќе биде отворен додека не се потрошат средствата, а ќе се спроведува по принципот ‘прв дојден прв услужен’.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира