СЕ ДОЗВОЛУВААТ СОБИРИ СО ДРЖЕЊЕ ДИСТАНЦА И ОДЕЊЕ ОД ВРАТА ДО ВРАТА, МОЖНО Е ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО ЗА ГЛАСАЊЕ, КАЖА ФИЛИПЧЕ ЗА ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ

    СЕ ДОЗВОЛУВААТ СОБИРИ СО ДРЖЕЊЕ ДИСТАНЦА И ОДЕЊЕ ОД ВРАТА ДО ВРАТА, МОЖНО Е ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО ЗА ГЛАСАЊЕ, КАЖА ФИЛИПЧЕ ЗА ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ИЗБОРИТЕВо документот не е наведено кога би се одржале изборите, тоа, како што кажа Филипче, ќе го одлучат лидерите на политичките партии.(Фото: Ѓ. Личовски)

    На барање на претседателот Стево Пендаровски по одржување на лидерската средба, Комисијата за заразни болести изготви протокол за денот на одржување изборите и за време на целокупниот изборен процес. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција кажа дека протоколот има 4 дела и бил едногласно поддржан од сите политички партии. Во документот не е наведено кога би се одржале изборите, тоа, како што кажа Филипче, ќе го одлучат лидерите на политичките партии.

    „За време на одржување на предизборната кампањата мора да се почитуваат сите мерки за заштита, односно држење растојание од два метри, носење заштитна маска дури и за активности кои ќе се одржуваат на отворен простор. За да нема групирање, политичките партии на собирите да носат разгласни уреди. Не треба да има големи собири туку да има онолку луѓе за да може да се одржува дистанца. При одењето од врата до врата, согласно протоколите, се предвидува да не се влегува во домовите на граѓаните, туку само во дворовите или до вратите на граѓаните“, рече Филипче.

    Во однос на денот на одржување на изборите, членовите на гласачките одбори и на набљудувачките мисии треба да носат заштитна опрема, просторијата треба да се проветрува на секој час, задолжително да има средства за дезинфекција. Граѓаните пред гласачките места треба да држат растојание од 2 метра, да носат заштитна опрема, пред и после гласањето да ги дезинфицираат рацете.

    „Во просторијата за гласање не треба да има повеќе гласачи од бројот на боксови. За да не се создаваат гужви на гласачките места можно е зголемување на времето за гласање, но тоа ќе го одлучи Државната изборна комисија“, кажа Филипче.

    Тој објасни дека во моментов вирусот е во фаза на стивнување според бројот на новозаболени лица, критични случаи и факторот на преносливост.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира