СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ СПРЕМАТ ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ПАТУВАЊЕ МЕЃУ ЗЕМЈАВА И ГРЦИЈА, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ ОД АТИНА

    СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ СПРЕМАТ ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ПАТУВАЊЕ МЕЃУ ЗЕМЈАВА И ГРЦИЈА, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ ОД АТИНАФилипче во Атина разговарал со грчкиот министер за здравство Василис Кикилиас за пристапот во лекување и превенција од ширење на коронавирусот. (Фејсбук страна на Венко Филипче)

    Следната недела ќе се подготоват предлог-протоколите за да се олесни и забрза транзитот на патниците помеѓу Северна Македонија и Грција, кои потоа ќе бидат усогласени и потпишани, велат од македонското Министерство за здравство.

    Министерот за здравство Венко Филипче во Атина разговарал со грчкиот министер за здравство Василис Кикилиас за пристапот во лекување и превенција од ширење на коронавирусот, како и предизвиците со кои се соочуваат двете земји за време на пандемијата. Повод за средбата, како што вели Филипче, беше најавата за отворање на границите во Европа и регионот, за што е потребно да се подготват усогласени протоколи за патување во регионот.

    „Двајцата се согласивме дека е потребно да се обезбеди брз проток на границите кои се исклучително оптоварени во текот на летото и да се обезбеди лесен пристап до здравствени услуги на граѓаните доколку евентуално се случи да бидат заболени од коронавирусот во текот на престојот во Грција и Северна Македонија“, вели министерот Филипче.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира