ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПОЧНА ДА ТЕСТИРА ЛЕКОВИ ЗА МАЛАРИЈА КАКО МОЖНА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПОЧНА ДА ТЕСТИРА ЛЕКОВИ ЗА МАЛАРИЈА КАКО МОЖНА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19Британците ќе ги тестираат лековите хлорокин и хидроксихлорокин на четири континенти (Фото: Гети)

    Велика Британија почнува со тестирања за да се утврди дали два лека против маларија можат да помогнат во заштитата од КОВИД-19. Хлорокин, хидроксихлорокин или плацебо средство ќе им биде даден на 40.000 здравствени работници во Европа, Азија, Африка и Јужна Америка, при што сите учесници се лица кои имаат контакт со пациенти со коронавирус.

    Доналд Трамп беше критикуван оваа недела откако кажа дека веќе некое време зема хидроксихлорокин како превентива од КОВИД-19, иако научниците предупредуваат дека не е докажано дека е безбеден. Светската здравствена организација соопшти дека науката сѐ уште има нејасен став за хидроксихлорокинот и ја препорача неговата употреба само во контролирани клинички тестирања.

    Хидроксихлорокинот е една многуте можни терапии што се тестираат на светско ниво“, вели шефот за вонредни ситуации во СЗО, д-р Мајкл Рајан, додавајќи дека секоја држава може да носи свои одлуки.

    Првите британски тестирања ќе бидат направени денеска во болниците во Брајтон и Оксфорд, при што учесниците три месеци ќе земаат хидроксихлорокин или плацебо, додека во Азија ќе земаат хлорокин или плацебо.

    Засновано на лабораториски, животински и клинички истражувања, СЗО надгледува тестирања на четири можни третмани за КОВИД-19, што се спроведуваат во повеќе држави: ремдесивир (лек за ебола), лопинавир/ритонавир (ХИВ), бета 1а (мултипла склероза) и хлорокин/хидроксихлорокин (маларија и лупус).

    Засега препорачуваме овие лекови да се користат само во овие клинички тестирања“, вели Рајан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира