КАТИЦА ОД СЈО Ѝ ГО ПРОДОЛЖИ ОДМОРОТ НА ГОШЕВА ОД УСТАВЕН СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАТИЦА ОД СЈО Ѝ ГО ПРОДОЛЖИ ОДМОРОТ НА ГОШЕВА ОД УСТАВЕН СУД

    Само за да не ја стави на дневен ред иницијативата против Законот за Специјално обвинителство, Уставниот суд веќе втора недела воопшто не закажува седница и за други иницијативи. Последниот датум за седница на вебстраната на Судот уште е 30 јуни, а уставните судии се на работа од први септември.

    Исто така, во Уставниот суд тврдат дека никогаш во историјата на неговото постоење таму не се одржала седница пред 15 септември. Но според архивата достапна на вебстраната на Уставниот суд, во 2007 веќе на 12 септември имало седница и куп одлуки на Уставниот суд, во 2008 на 10 септември се одржала седница после летните одмори, во 2009 веќе на деветти септември, во 2010 на 15 септември, но била закажана претходно, на осми. Во 2011, Уставниот суд одржал седница на 14 септември, а во 2012 на 12 септември, а во 2013 одржал расправа на 11 септември.

    Сега и да закаже евентуално Уставниот суд седница на 15 септември (четврток), таа би се одржала дури на 21 овој месец, среда, кога е денот за седници на Уставниот суд.

    “Уште судиите прибираат материјали, седница ќе има во втората половина на овој месец“, е објаснувањето во највисокиот суд. Патем, не кажуваат кога конечно иницијативата против Законот за СЈО, која ја поднесе претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, ќе биде ставена на расправа.

    СЈО и експертската јавност одолговлекувањето на оваа точка ја сметаат за намерно предизвикување неизвесност и притисок во работата на ова обвинителство.

    Два месеца граѓаните масовно протестираа барајќи, меѓу другото, итно на дневен ред да се стави иницијативата со која се оспорува овој закон, и да се остави СЈО на раат да ги истражи сите сомневања за криминал од поединци во власта, за кои јавноста разбра од бомбите на опозицијата. Неколку пати припадниците на Шарената револуција фрлија бои пред влезот на Уставниот суд во знак на револт што се одлага расправата, но попусто.

    Во договорот од 20 јули, лидерите на 4-те најголеми партии потписнички на Пржинскиот договор го повикаа Уставниот суд што поскоро да ја донесе одлуката за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство. Според договорот од 20 јули, „во случај Уставниот суд да одлучи дека Законот за Специјалното јавно обвинителство или делови од него се неуставни, четирите партии се обврзаа во рок од пет дена да го усогласат со одлуката на Судот и одново да го воспостават СЈО. Ефикасноста, опсегот и целите на СЈО треба да бидат задржани“.

    Во изјавата на 31 август, во која го поздрави потпишувањето на договорот за одржување предвремени избори на 11 декември, лидерот на СДСМ Зоран Заев неколкупати повтори дека никој не смее да го чепка Специјалното јавно обвинителство. „До ново влошување може да дојде доколку Груевски се дрзне преку Уставниот суд да го укине СЈО. Тоа е институција со најголема поддршка на граѓаните“, рече Заев.

    На тоа Груевски искоментира дека „тоа е дел од веќе видената политика на СДСМ и дека народот тоа веќе го препознава“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира