УТРЕ СЕ ОТВОРААТ СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ, КОЈ САКА ДА ВЛЕЗЕ МОРА ДА ИМА НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУС И ДА СЕДИ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА 14 ДЕНА

    УТРЕ СЕ ОТВОРААТ СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ, КОЈ САКА ДА ВЛЕЗЕ МОРА ДА ИМА НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУС И ДА СЕДИ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА 14 ДЕНАОстанува и мерката за потпишување Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР; - Граничниот премин Богородица. (Фото: СДК.МК)

    Од утре се отвораат сите гранични премини во Република Северна Македонија, одлучи Владата на денешната седница. Според соопштението на Владата, продолжуваат да важат мерките  што се активни за справување со пандемијата со вирусот КОВИД-19. Тоа ќе значи дека секој што ќе сака да влезе во државава, ќе мора да приложи на граница валиден негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа и да седи во самоизолација 14 дена.

    „Останува и мерката за потпишување Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР“, се вели во соопштението на Владата.

    Исто така, останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

    Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и што сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок. Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава.

    Ако граѓаните не сакат да им се направи ПЦР тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.

    Во последните 24 часа се регистрирани 134 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.173 тестирања, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи, 97 се од Скопје, 11 од Тетово, 7 од Ресен, 5 од Куманово, 3 од Струга, по 2 од Крушево и Кичево и по 1 од Прилеп, Велес, Битола, Кавадарци, Валандово, Кратово и Неготино. Денеска се регистрирани и 8 починати пациенти.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира