ОТВОРАЊЕТО НА ГРАНИЦИТЕ НЕ Е ЗНАЧАЕН РИЗИК, ТУКУ ЛОКАЛНАТА ТРАНСМИСИЈА НА КОРОНАВИРУСОТ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ ВО БИТОЛА

    ОТВОРАЊЕТО НА ГРАНИЦИТЕ НЕ Е ЗНАЧАЕН РИЗИК, ТУКУ ЛОКАЛНАТА ТРАНСМИСИЈА НА КОРОНАВИРУСОТ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ ВО БИТОЛАЗапрашан дали на здравствените работници летово ќе им следува одмор, министерот Венко Филипче рече веројатно да, но со соодветно направен распоред со стручниот колегиум и менаџментот на здравствените установи. (Фото: СДК.МК)

    Не сметаме дека отворањето на границите е некој значаен ризик за значајно зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи на ковид-19, имајќи во предвид дека локалната трансмисија е најголемиот ризик, рече министерот за здрвство Венко Филипче при денешната посета на Клиничката болница во Битола.

    „Доколку се почитуваат превентивните мерки за носење маски и чување дистанца, овој ризик се сведува на минимум, мора граѓаните да се свесни дека тоа е начин целиот свет да се врати во функција. Не може ниту една земја во светот да живее затворена, со затворени граници. Отворањето на границите со контрола со термалните камери на аеродромите, со анкетирање на патниците пред влезот, мислам дека не е значаен ризик за зголемување на бројот”, рече Филипче.

    Запрашан дали на здравствените работници летово ќе им следува одмор, рече веројатно да, но со соодветно направен распоред со стручниот колегиум и менаџментот на здравствените установи.

    „Во овој момент се потребни инфектолозите, деноноќно работат, а како бројка се многу малку, ги има 25-26 на Инфективната клиника, од кои седум се на возраст над 60 годони и имаат хронична болест. Веројатно ќе се направи распоред за одмор, зашто имаат потреба од тоа здравствените работници, но тоа нема да значи загрозување на функционирањето на здравствените установи“, рече Филипче.

    Во Битолската болница која е регионален ковид-центар, во овој момент се хоспитализирани 32 пациенти, од кои само двајца од Битола, а другите се од околните градови. Има 10 суспектни случаи за кои се чекаат резултати во текот на денот. Во изминатото денооќие, во болницата почина пациент од Кичево (61) хоспитализиран на 21 јуни.

    Три кревети се слободни и при наплив на пациенти би се ослободиле уште 20.

    Во Битола денес нема новодијагностицирани и бројот на пациенти од почетокот е мал. Сите случаи во Битола се поврзани со случаи од градот и околните општини. Филипче го пофали и лекарскиот кадар во Клиничката болница во Битола како врвни професионалци, со големо искуство во третманот на пулмолошки болести, кои работат пожртвувано со пациентите.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира