ГОТОВ ПРОЕКТОТ ЗА НОВИОТ МОСТ ОД КАРПОШ 4 ДО УЛИЦА СКУПИ, ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ЌЕ ПОЧНЕМЕ СО ГРАДБА, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

    ГОТОВ ПРОЕКТОТ ЗА НОВИОТ МОСТ ОД КАРПОШ 4 ДО УЛИЦА СКУПИ, ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ЌЕ ПОЧНЕМЕ СО ГРАДБА, ВЕЛИ ШИЛЕГОВСпоред проектот, мостот ќе биде со четири коловозни ленти, по две ленти во двата правци, велосипедска и пешачка патека.(Фото: Принтскрин видео Град Скопје)

    Град Скопје заврши со проектирање на новиот мост од улицата Љубљанска во Карпош 4, покрај скејт паркот на кејот на Вардар до улицата Скупи. Според проектот, мостот ќе биде со четири коловозни ленти, по две ленти во двата правци, велосипедска и пешачка патека.

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека до крајот на месецов ќе биде распишан тендерот за избор на фирма која ќе ги изведува градежните работи и најдоцна до декември ќе стартува изградбата.

    „Овој мост ќе ги спојува населбите Карпош 3 и 4 по улица Љубљанска покрај ТЦ „Сити мол“, со Злокуќани и Бардовци на улица Скупи. Со тоа, во голема мера ќе се скрати времето за движење на граѓаните од овие делови на градот. Во втората фаза од овој проект се предвидува продолжување на булеварот Словенечка до Волково, што ќе биде замена за проектот за продолжување на Илинденска, кој не може да се изведе поради бунарите за вода кои се во овој дел“, вели градоначаликот Шилегов.

    Изградбата на мостот со улиците за приклучок според првичните проценки ќе чини околу 6 милиони евра.

    Град Скопје во моментов работи на изградба на мостот од Општина Аеродром до населбата Керамидница. Досега се завршени земјените работи и од наредната недела ќе почне поставувањето на темелите на мостот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира