НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ В СРЕДА ГО ОТВОРА БРОЈОТ 0800-54321 ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДИ НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ В СРЕДА ГО ОТВОРА БРОЈОТ 0800-54321 ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДИ НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВОНародниот правобранител Иџет Мемети апелира и до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање. (Фото: СДК.МК)

    Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на одржувањето на предвремените парламентарни избори в среда, 15 јули, во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на којашто ќе можe да се пријави каква било повреда на избирачкото право. Покрај на бесплатната линија, достапни ќе бидат и телефонски броеви за Тетово: 044 344-082, за Струмица: 034 329- 996, за Кичево: 045 228-586, за Битола: 047 242-310, за Штип: 032 389-701 и за Куманово: 031 431-488.

    Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител, во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, за да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

    „Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. И во оваа пригода, Народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност поради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, Народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање“, соопшти канцеларијата на Омбудсманот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира