ГРЦИЈА ЈА ПРОДОЛЖИ ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ДО 31 АВГУСТ

    ГРЦИЈА ЈА ПРОДОЛЖИ ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ДО 31 АВГУСТМерката предвидува привремена забрана за влез во земјата на сите државјани на трети земји од која било влезна точка во земјата и на кој било начин или со кое било средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и копнените.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји е продолжена до 31 август 2020 година. Како што јавува дописничката на државната агенција МИА од Атина, забраната е согласно заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни и е продолжување на претходната, идентична одлука со која забраната за влез во Грција важи до 14 август.

    Мерката предвидува привремена забрана за влез во земјата на сите државјани на трети земји од која било влезна точка во земјата и на кој било начин или со кое било средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и копнените.

    Забраната не важи за земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и за државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.

    Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира