ШЕСТМИНА ПОЧИНАА, 159 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.733 ТЕСТОВИ, 291 ПАЦИЕНТ Е В БОЛНИЦА

    ШЕСТМИНА ПОЧИНАА, 159 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.733 ТЕСТОВИ, 291 ПАЦИЕНТ Е В БОЛНИЦАНа Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. (Фото: СДК.МК)

    Шест пациенти починаа, а регистрирани се 159 новозаболени со ковид-19 во изминативе 24 часа. Направени се 1.733 тестирања, а најмногу нови случаи случаи има во  Скопје-32, Куманово-25, Гостивар-22, Струга-15. Останатите случаи по градови се: Дебар-1, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-9, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-5,  Гевгелија-5, Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-4, Кичево-3.

    Од починатите, четворица пациенти се од Скопје на возраст 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-27, Куманово-1, Дебар-3, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Гостивар-9, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Кичево-13, Неготино-2.

    Вкупно на ковид дијагностицирани во  земјава од почетокот на епидемијата се 13.458, од кои оздравени се 10.052, починати 563, а во моментов активни 2.843. Денеска се евидентираат девет контролни тестови од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 5.615, активни 829
    • Куманово 1.355, активни 317
    • Дебар 237, активни 74
    • Штип 1.100, активни 251
    • Прилеп 391, активни 57
    • Тетово 1.180, активни 168
    • Струга 544, активни 150
    • Велес 253, активни 29
    • Битола 188, активни 49
    • Охрид 324, активни 67
    • Кавадарци 168, активни 99
    • Гостивар 722, активни 310
    • Гевгелија 39, активни 21 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
    • Струмица 56, активни 21
    • Крива Паланка 35, активни 10
    • Радовиш 39, активни 10
    • Крушево 16, активни 0
    • Кочани 132, активни 30
    • Пробиштип 73, активни 18
    • Демир Хисар 60, активни 30
    • Македонски Брод 65, активни 35
    • Пехчево 9, активни 3
    • Берово 34, активни 25
    • Валандово 7, активни 0
    • Виница 63, активни 42
    • Делчево 27, активни 22 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 16, активни 2
    • Свети Николе 269, активни 60
    • Кичево 257, активни 103
    • Ресен 146, активни 1
    • Неготино 38, активни 10 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1733 теста се преку: ИЈЗ-521, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-210, Биотек-320, МАНУ -88, Жан Митрев (Филип Втори)-251, Систина со PCR метода -172, лабораторија Лаор – 56, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-9, ГАК-5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска по завршување на епидемиолошките анкети се:

    • Чаир – 114
    • Гази Баба – 100
    • Аеродром – 99
    • Карпош – 92
    • Центар – 81
    • Кисела Вода – 84
    • Ѓорче Петров – 63
    • Бутел – 61
    • Шуто Оризари – 36
    • Студеничани – 19
    • Сарај – 20
    • Арачиново – 15
    • Илинден – 12
    • Сопиште – 9
    • Чучер Сандево – 6
    • Петровец – 8
    • Зелениково – 4
    • Странец – 4
    • Нераспределен – 2

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира