ЕКО-МАШИНИ ПРОИЗВЕДЕНИ ВО ВЕЛЕШКИ „БРАКО“ ЌЕ ГИ ЧИСТАТ КРАЛСКИТЕ ПАЛАТИ ВО ТАЈЛАНД

    ЕКО-МАШИНИ ПРОИЗВЕДЕНИ ВО ВЕЛЕШКИ „БРАКО“ ЌЕ ГИ ЧИСТАТ КРАЛСКИТЕ ПАЛАТИ ВО ТАЈЛАНД„Грин машинс“ е основана е во Шкотска во 1964, „зелените машини“ од 2017 целосно се произведуваат во Велес, а од 2019 е формиран нова фирма „Грин машинс Велес“ која е сопственик на брендот со целосно откупени интелектуаани права. (Фото: „Брако“)

    Кралските палати во Тајланд ќе се чистат со „зелените машини“ кои се произведени во велешката компанија „Брако“, вели Иле Атанасов, директор на Одделот за камиони за чистење улици и медицински помагала. Еколошките машини веќе се користат за чистење на Бакингамската палата, плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан, улиците на Сингапур и Тајм сквер во Њујорк.

    „Грин машинс“ е една од најстарите компании за производство на правосмукалки. Основана е во Шкотска во 1964, а од пред три години почнува соработка со велешки „Брако“. „Зелените машини“ од 2017 целосно се произведуваат во Велес, а од 2019 е формиран нова фирма „Грин машинс Велес“ којa е сопственик на брендот со целосно откупени интелектуални права, патенти и целосниот концепт на знаење и изработка (know-how).

    „Грин машинс“ е една од најстарите компании за производство на правосмукалки, oснована е во Шкотска во 1964, а од пред три години почнува соработка со велешки „Брако“; – Еко-машина во сцена од филмот „Луѓе во црно“ од 2012.

    Атанасов вели дека годишно во „Брако“ се изработуваат по 200 машини.

    „Имаме три модели на ‘зелени машини’, две работат на дизел погон, еден е електрично возило. Двата на дизел се 636 модел и механички свипер, а во моментов работиме на развој на возило на хидроген првo во Европа и нов механички свипер за одржување на хигиена на јавни улици“, вели тој.

    Најголем дел од порачките се за странски пазар, како Амстердам, Париз, Рим, а денес добиле нарачка од Аргентина.

    Атанасов вели дека имаат и одлична соработка со студентите од Машински факултет, во смисла на „нивно вклучување во процесот онаму каде што ние не постигнуваме“.

    „Холивудските режисери го препознаа дизајнот и квалитетот и затоа решиле да ги вклучат во своите проекти. ‘Зелените машини’се појавуваат во сцени од филмовите ‘Војна на ѕвездите’ од 1999 и ‘Луѓе во црно’ 3 од 2012“, додаваат од „Брако“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира