Велешанецот Р. Д. доби условна затворска казна поради тоа што правел свадба во период кога тоа било забранета поради коронавирусот. Пресудата која не е правосилна, ја соопштија од Основен суд Велес.
„На 1 септември, Основен суд Велес донесе пресуда, со која се издава казнен налог со кој обвинетиот Р. Д. е огласен на виновен за кривичното дело ‘Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’ при што му е изречена алтернативна мерка, условна осуда. Со неа е утврдено дека казната затвор во траење од три месеци нема да се изврши ако обвинетиот за време од една година по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело“, соопшти Основен суд Велес.
Според кривичната пријава, лицето Р. Д. (41) на 8 мај во периодот од 12.30 до 17.30 часот и покрај прописите донесени со Одлука на Влада, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица.
П. ПЕЧКОВ