ОД 800 СЛОБОДНИ МЕСТА ВО ШТИПСКИТЕ ГРАДИНКИ ПРВИОТ ДЕН ПРИМЕНИ 300 ДЕЦА

    ОД 800 СЛОБОДНИ МЕСТА ВО ШТИПСКИТЕ ГРАДИНКИ ПРВИОТ ДЕН ПРИМЕНИ 300 ДЕЦАОд вкупно пријавени 800 деца, во Штип првиот ден во градинките дошле 300 деца. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Од расположивите 800 слободни места во градинките во Штип првиот ден пополнетоста е 37 проценти, односно згрижени се 300 деца.

    „За згрижување во градинкaта ‘Астибо‘ со извршената анкета интерес пројавиле 400 семејства. Но, првиот ден во градинките вклучувајќи ја и новата градинка згрижени се вкупно 150 деца. На работа дојдоа сите вработени што значи дека нивната здравствената состојба е добра. Единствено не работат јасли за најмладата категорија на деца до 2 години бидејќи на родителите кои имаат мали деца им е продолжено породително боледување“, вели директорката Билјана Трајчевска.

    Пополнетоста е слична и во градинката „Вера Цириви Трена“ која по протоколите за ковид-19 може да прими 390 деца, а првиот ден беа донесени само 151 дете.

    „Единствено не работи само објектот ‘Пчелка‘ поради реновирање па вработените се преместени во другите објекти на установата“, вели директорката Софче Атанасова.

    Раководителите на двете градинки во Штип наведуваат дека сите објекти и клонови, кадровски се обезбедени, на сите им е извршено превентивно мерење на температурата и дека располагаат со доволни количества маски за сите што треба да носат и средства за дезинфекција.

    Тие сметаат дека од ден во ден бројот на децата што ќе бидат згрижени ќе се зголемува и дека од наредната недела бројката ќе изнесува според првичната анкетираност.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира