ЦЕЛА ДИК НА ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА, СЕ СКАРАА КОЈ ДА ОДИ ВО АМЕРИКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЦЕЛА ДИК НА ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА, СЕ СКАРАА КОЈ ДА ОДИ ВО АМЕРИКА

    Сите членови на Државната изборна комисија, освен Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ кој имал приватни обврски, биле на тридневен престој во Хрватска да ги следат тамошните избори изминатиот викенд, потврдуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК во ДИК.

    Дел од членовите на ДИК се спремаат да заминат и во САД за да го следат гласањето на претседателските избори на 8 ноември.

    “Патувањето за набљудување на избирачкиот процес во САД виси. Сѐ уште не се знае дали воопшто ќе се оди и кои членови на ДИК би отпатувале. Ако има избори во Македонија на 11 декември, нема Америка. Ако нема, тогаш ќе се оди“, велат во ДИК.

    Сепак, од извори во Комисијата САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека имало караници околу патувањето на избори во САД, оти е прилично несериозно да се отсуствува од земјава на само еден месец пред закажаните избори. Прво мислеле да заминат петмина, но сфатиле дека ако тука останат четворица членови и ако дојде до гласање за некое прашање, може да бидат изедначени, па сега размислуваат да заминат четворица, а петмина да останат за да се надгласуваат. Претседателот или заменик-претседателот на ДИК, ќе мора да останат во Македонија, за да може Комисијата да работи, како и да има кој да ги води седниците во тој период.

    Трошоците за двајца членови на Комисијата ги презема ИФЕС, но другите двајца ќе мора да патуваат на сметка на ДИК. Несогласувања имало и која партија ќе испрати свои претставници во Америка оти рекле дека ќе одат или сите, или никој. Но, во тој случај во делегацијата ќе нема место за некој од независните експерти.

    Членовите на ДИК на гласачко место во Хрватска на 11 септември, 2016

    Членовите на ДИК на гласачко место во Хрватска на 11 септември, 2016

    Во меѓувреме, некои од членовите на ДИК се подготвуваат и за пат во Албанија.

    Во Хрватска, на чело со претседателот Александар Чичаковски членовите на ДИК заминале на деветти, а се вратиле на 11 септември. Вработените во Комисијата не знаат дали сите останале на едно избирачко место во Загреб, или Чичаковски и колегите Виолета Дума, Силвана Бонева, Субхи Јакупи, Реџеп Прекопуца, Игор Милев, Атанас Урумов и Бедредин Ибраими биле распоредувани на различни места и во различни градови и села.

    “Тоа зависи од домаќинот, Хрватската изборна комисија, на чија покана заминаа нашите членови на ДИК, освен Срцев“, објаснуваат од ДИК.

    Велат дека е редовна праксата странски изборни комисии, кога се одржуваат избори во нивните земји, да канат колеги – набљудувачи од други држави. Тоа го прави редовно и нашата изборна комисија, велат од ДИК.

    Има два вида покани, директна, како што била од Хрватската изборна комисија до ДИК на РМ и генерална, преку АЦЕЕО, меѓународната организација на централни изборни органи. Трошоците за патувања и престој си ги сноси сама секоја ДИК.

     

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира