ОД ВКУПНО 890 КОВИД-ПОЗИТИВНИ ОД МИНАТАТА НЕДЕЛА, 38,5 ОТСТО ИМАЛЕ КОНТАКТ СО ПОТВРДЕН ЗАРАЗЕН

    ОД ВКУПНО 890 КОВИД-ПОЗИТИВНИ ОД МИНАТАТА НЕДЕЛА, 38,5 ОТСТО ИМАЛЕ КОНТАКТ СО ПОТВРДЕН ЗАРАЗЕННајголем дел од регистрираните случаи и минатат недела се од Скопје (315; 35,4%). (Фото: К. Попов)

    За о.3% е зголемен процентот на тестирани материјали на ковид-19 за периодот од 21 до 27 септември во однос на претходната недела, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. Во тој период тестирани се вкупно 9.691 материјали, а регистрирани се  890 нови позитивни случаи од 31 град во државата, што претставува намалување од 6,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (315; 35,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 175,1 на 100.000 жители.

    Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 9.2% или 0.6 % помалку во однос на претходната недела.

    Пријавени се 28 смртни случаи, намалување од 41,7% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 23 лица биле над 60 години, 4 на возраст од 50-59 и еден од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 25 починати лица.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (184, 20,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 години (172; 19,3%), 50-59 (161; 18,1%), 30-39 (152; 17,1%) и 20-29 (121; 13,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (28; 3,1%) и 10-19 години (72; 8,1%).

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени (864; 97,1%), регистрирани се 138 (16,0%) хоспитализирани, а кај 231 (26,8%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

    Од вкупниот број на нови случаи во периодот 21-27 септември, 332 (38,5%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 27 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

    Во извештајот стои дека како оздравени се водат 705 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување за 11% во однос на претходната недела.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира