Од денеска во 18 часот затворена за сообраќај ќе биде улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец. Од Град Скопје велат дека од денес ќе почне да се гребе асфалтот на улицата Васил Ѓоргов, па поради тоа улицата ќе биде затворена и сообраќајот ќе биде пренасочен по улицата Народен фронт.
„Апелираме до сите ученици во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ги користат околните улици“, велат од Град Скопје.
Викендов ќе биде затворен за сообраќај и дел од улицата 11 Октомври бидејќи ќе се работи на реконструкција на крстосницата кај Собранието. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека за време на продолжениот викенд улицата кај Зелен пазар ќе биде готова, а градежните работи на Васил Ѓоргов ќе завршат за десетина дена.
А. АНТЕВСКА