НИЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ ТРЕБА ДА СМЕ ПРИМЕР ЗА ГРАЃАНИТЕ, А НЕ ДА ПРАВИМЕ СВАДБИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГДАНОВИЌ

    НИЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ ТРЕБА ДА СМЕ ПРИМЕР ЗА ГРАЃАНИТЕ, А НЕ ДА ПРАВИМЕ СВАДБИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГДАНОВИЌГрадоначалникот на Општина Центар вчера правеше венчавка во српски манастир во Грачаница, Косово. На фотографиите и видеата се гледа дека на венчавката присуствуваат околу 30 гости и никој не носи маска.(Фото: Грачаница Онлајн)

    Министерот за здравство Венко Филипче рече дека ги осудува свадбите на градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на Косово и на внуката на поранешниот пратеник Амди Бајрам во Истанбул. Филипче рече дека политичарите треба да се пример за граѓаните кога станува збор за почитување на мерките, а не сред пандемија да прават свадби.

    „Апсолутно ги осудувам свадбите кои се случија викендов. Ние сме тие кои треба да дадеме пример за граѓани, особено во услови кога секој ден имаме голем број новозаболени и болничките капацитети се полнат“, рече Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање како ги оценува свадбите на Богдановиќ и на внуката на Амди Бајрам.

    Градоначалникот на Општина Центар вчера правеше венчавка во српски манастир во Грачаница, Косово. На фотографиите и видеата се гледа дека на венчавката присуствуваат околу 30 гости и никој не носи маска.

    Поранешниот пратеник Амди Бајрам во саботата правеше свадба за внуката во Истанбул, на која имаше над 200 гости.

    Во земјава од почетокот на пандемијата забрането е организирање на свадби.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира