Два дена по ред, земјава бележи по 12 починати по компликации од ковид-19, а во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања и регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Починаа двајца пациенти од Велес (79 и 89), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64), еден пациент од Прилеп (73), еден од Штип (72) и еден пациент од Струмица (85). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Најмногу нови позитивни има во: Скопје-272 и Куманово-43, Прилеп и Тетово по 41, а во останатите градови: Дебар-5, Штип-17, , Струга-4, Велес-11, Битола-10, Охрид-24, Кавадарци-41, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-20, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-3, Свети Николе-7, Кичево-17, Ресен-4, Неготино-10.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 115 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ)„8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На Инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од: Скопје-71, Куманово-5, Дебар-1, Штип-7, Тетово-10, Струга-4, Велес-2, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-9, Радовиш-1, Кочани-6, Берово-3, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Неготино-2.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата има 25.473, оздравеа 18.047, починаа 874, а активни се 6.552. Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 10.762, активни 3.174
• Куманово 2.067, активни 290
• Дебар 315, активни 53
• Штип 1.503, активни 181
• Прилеп 1.014, активни 278
• Тетово 1.827, активни 345
• Струга 762, активни 77
• Велес 469, активни 120
• Битола 500, активни 159
• Охрид 567, активни 137
• Кавадарци 394, активни 141
• Гостивар 1.065, активни 118
• Гевгелија 298, активни 159 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 44 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 654, активни 383
• Крива Паланка 195, активни 69
• Радовиш 193, активни 80
• Крушево 21, активни 1
• Кочани 603, активни 195
• Пробиштип 146, активни 18
• Демир Хисар 71, активни 10
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 57, активни 11
• Берово 177, активни 45
• Валандово 89, активни 46
• Виница 158, активни 55
• Делчево 218, активни 121 (45 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 34, активни 8
• Свети Николе 437, активни 64
• Кичево 459, активни 112
• Ресен 214, активни 50
• Неготино 106, активни 48 (16 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.634 теста се преку: ИЈЗ-758, ЦЈЗ Скопје-114, Авицена-562, Биотек-235, МАНУ -193, Жан Митрев (Филип Втори) -288, Систина со ПЦР метода -161, лабораторија Лаор –64, Судска медицина-51, ЦЈЗ Битола-115, Инфективна клиника-10, ГАК-7, Синлаб-76, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 229.246 тестирања на ковид -19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 151
• Гази Баба – 379
• Аеродром – 631
• Карпош – 511
• Центар – 484
• Кисела Вода – 366
• Ѓорче Петров – 255
• Бутел – 127
• Шуто Оризари – 19
• Студеничани – 6
• Сарај – 21
• Арачиново – 10
• Илинден – 51
• Сопиште – 26
• Чучер Сандево – 12
• Петровец –20
• Зелениково – 8
• Странец – 16
• Нераспределен- 81