КРАЛОТ НА ФУДБАЛОТ ПЕЛЕ ГО СЛАВИ 80. РОДЕНДЕН ИЗОЛИРАН ВО СВОЈОТ ДОМ

    КРАЛОТ НА ФУДБАЛОТ ПЕЛЕ ГО СЛАВИ 80. РОДЕНДЕН ИЗОЛИРАН ВО СВОЈОТ ДОМПеле останува единствениот фудбалер со освоени три светски титули (Фото: АП)

    „Кралот на фудбалот“ Пеле денеска полни 80 години, во времето кога во Бразил нема услови за прослави.

    Трикратниот светски првак ќе го помине денот во изолација заедно со членови на семејството надвор од Сао Пауло, каде што се очекува да пристигнат голем број честитки од фанови, играчи, јавни личности и политичари.

    „Пеле ќе го помине роденденот во својата вила во крајбрежниот град Гваружа, каде што престојува од почетокот на пандемијата. Друштво ќе му прави само семејството, нема да има никакви забави. Така правеше цел живот“, изјави неговиот долгогодишен портпарол Пепито Форнош.

    Тој додаде дека Пеле нема да се обрати во јавност бидејќи сѐ уште тагува по својот брат Жаир, кој почина во март.

    Со 77 голови, Пеле сѐ уште е најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација, иако Нејмар му се доближува со своите 64. Она во што не може да се мери со големиот Пеле е бројот на освоени светски титули. Пеле го предводеше Бразил до триумф на мундијалите во 1958, 1962 и 1970 година, подвиг што не го повторил ниеден фудбалер.

    Играчката кариера ја заврши во 1977 година во дресот на њујоршки Космос.

    Одбележувањето на 80. роденден на Пеле почна уште во февруари, кога беше кренат споменик во негова чест на стадионот „Маракана“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира