Штипскиот хирург Ѓорѓи Денков (67) почина по неколкудневно лекување во Штип и во Скопје како последица од коронавирусот. Тој претходно имал други здравствени проблеми, но кога минатата недела состојбата му се влошила бил неколку часа на испитување во Клиничката болница во Штип, а потоа префрлен во Скопје каде било утврдено дека е позитивен на коронавирус.
Ова е 9. жртва од медицинската струка во ковид-пандемијата.
За смртта на познатиот штипски хирург потврда има од неговото семејство кое има стоматолошка ординација во Штип, а неговите помлади колеги, хирурзи во Клиничката болница, велат дека жалат за оваа загуба затоа што Денков како искусен доктор бил постојано со помадите лекари и тие во хирургијата многу научиле од него.
Т. ЈОВАНОВСКИ