ЗА 74 ОТСТО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ МИНАТАТА НЕДЕЛА, ПОКАЖА ИЗВЕШТАЈОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    ЗА 74 ОТСТО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ МИНАТАТА НЕДЕЛА, ПОКАЖА ИЗВЕШТАЈОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕСпоред податоците за минатата недела зголемување има и кај новозаразените случаи односно порастот е 27,4 отсто.(Фото: СДК.МК)

    За 71,4 проценти е зголемен бројот на смртни случаи поради компликации од коронавирус минатата недела, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје. Пријавени се 84 смртни случаи од 24 градови. Во однос на возраста, 70 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 20 во возрасната група од 30-39 години.

    Според податоците за минатата недела зголемување има и кај новозаразените случаи односно порастот е 27,4 отсто. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=750, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=673; 19,7%), 40-49 (n=632; 18,5%), 50-59 (n=595; 17,4%) и 20-29 (n=539; 15,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=72; 2,1%) и 10-19 години (n=149; 4,4%).

    „Регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува зголемување од 27,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, каде е забележана и највисока неделна инциденца“, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје.

    Минатата недела се направени 13.993 тестови, а процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 24%.

    Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.695 (49,7%) лица од женски и 1.715 (50,3%) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 555 или 16,3%. По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.566 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 477 повеќе во однос на минатата недела.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира