ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО БИТОЛА ИМА ЛЕКАРСКИ КАДАР, ЌЕ КУПЕШЕ И ВОЗИЛА ЗА БРЗАТА ПОМОШ, НО ПАРИТЕ СЕ ПРЕНАМЕНИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

    ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО БИТОЛА ИМА ЛЕКАРСКИ КАДАР, ЌЕ КУПЕШЕ И ВОЗИЛА ЗА БРЗАТА ПОМОШ, НО ПАРИТЕ СЕ ПРЕНАМЕНИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19Во Здравствениот дом денес израелското Министерство за надворешни работи подари два дефибрилатора за Итната медицинска помош. Оваа установа го носи името „Хаим Абраванел“, по првиот лекар специјалист по интерна медицина во Битола кој бил Евреин. (Фото: СДК.МК)

    Ако пандемијата со ковид-19 ни се случеше во 2017, немаше да можеме да одговориме на овој предизвик како сега во 2020, рече директорката на Здравствениот дом во Битола Весна Спиркоска. Пред три години, кога беше назначаена за директорка во установата, затекнала недостаток на медицински кадар, па со согласност на Министерството за здравство досега се вработени 27 доктори кои придонесуваат за здравствена грижа на населението во услови на коронакриза.

    „Медицинскиот персонал во овој момент е главниот сегмент кој пожртвувано се бори со вирусот. Кога дојдов како директор имавме огромен недостаток на медицински кадар, многу пензионирања, долги години не се примаше медицински кадар. Главно, вработувањата биле на помошно-технички персонал и со преземање на средно медицински кадар од други институции. За 12 години биле примени само шест до седум доктори, а во изминатите три години дури 27“, рече Спиркоска.

    Во Здравствениот дом денес израелското Министерство за надворешни работи подари два дефибрилатора за Итната медицинска помош. Оваа установа го носи името „Хаим Абраванел“, по првиот лекар специјалист по интерна медицина во Битола кој бил Евреин.

    Итната медицинска помош за време на коронакризата има полни раце работа, а како што изјави директорката Спиркоска, просториите на службата беа целосно реновирани уште лани. За годинава планирале да го подноват и возниот парк кој се состои од шест комбиња, едно набавиле во 2019, а другите се застарени. Но, дел од средствата од годишниот план за набавки ги пренамениле поради ковид-19 за заштитни средства за вработените и пациентите.

    Марија Герас-Дочовска, економски советник на израелскиот амбасадор Дан Оријан, соопшти дека тој веќе обезбеди финансиска поддршка во опремувањето на новиот Дијабет центар, кој се планира цо Здравствениот дом да биде готов во почетокот на 2021. Во соработка со Министерството за здравство етпочната постапка за реновирање на старата азбестна кровна конструкција над целиот објект, за која што Израел изјави спремност да помогне во инсталирање на најнова генерација фотоволтаици.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира