КАФЕАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА ЌЕ РАБОТАТ ДО 21 ЧАСОТ, ВЛАДАТА ПРЕПОРАЧУВА ДА НЕМА ДВИЖЕЊА НАВЕЧЕР

    КАФЕАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА ЌЕ РАБОТАТ ДО 21 ЧАСОТ, ВЛАДАТА ПРЕПОРАЧУВА ДА НЕМА ДВИЖЕЊА НАВЕЧЕРРестораните после 21 часот ќе смеат да работат само за достава и шалтерска продажба на храна, а по 21 часот е забрането и групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Рестораните и кафулињата ќе работат до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна, одлучи Владата на денешната седница.

    Новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот на Фејсбук ги објави премиерот Зоран Заев, кој вели и дека оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.

    Со новите мерки, забрането е и групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21 часот.

    „Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби“, напиша премиерот Заев.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира