ГОДИНАВА УКРАДЕНИ 516 ВЕЛОСИПЕДИ ВО СКОПЈЕ

    ГОДИНАВА УКРАДЕНИ 516 ВЕЛОСИПЕДИ ВО СКОПЈЕСпоред податоците на Министерството за внатрешни работи, за изминативе десет месеци најмногу украдени велосипеди има во октомври и тоа 119. (Фото: СДК.МК)

    Од почетокот на годинава до октомври, во Скопје се украдени 516 волесипеди. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, за изминативе десет месеци најмногу украдени велосипеди има во октомври и тоа 119. Во август биле украдени 95, а во септември 89. Најмалку кражби имало во март, април и мај, кога на сила беше полицискиот час. Во март биле пријавени за украдени 20 велосипеди, во април 8, а во мај 18.

    „Од вкупно 516 пријави за украдени велосипеди, 82 се кражби на велосипед, а 434 тешка кражба на велосипед“, велат до Министерството за внатрешни работи.

    За прв пат кај нас од овој месец осигурителната компанија „Еуролинк осигурување“ воведе осигурување на велосипеди и велосипедисти. Полисата за осигурување на велосипедисти и велосипеди нуди осигурување при незгода, одговорност кон трети лица и каско за велосипеди. Каското за велосипеди на „Еуролинк‘овозможува финансиска надокнада при кршење на велосипедот, оштета и најважно кражба, без разлика каде настанала кражбата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира