БРИТАНИЈА ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ФАЈЗЕР“, ИМУНИЗАЦИЈАТА ПОЧНУВА ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА

    БРИТАНИЈА ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ФАЈЗЕР“, ИМУНИЗАЦИЈАТА ПОЧНУВА ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА„Фајзер“ и „Бионтек“ ја развија вакцината за само десет месеци (Фото: Ројтерс)

    Велика Британија стана прва земја на светот која ја одобрила широката употреба на вакцината против ковид-19 што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“. Британскиот регулатор соопшти дека вакцината, која обезбедува 95-процентна заштита од ковид-19, е безбедна за употреба.

    Имунизацијата би можела да почне за неколку дена и вакцината прво ќе ја примат високоприоритетните групи, во кои спаѓаат жителите на старечки домови, луѓето над 80 години и здравствените лица.

    Велика Британија има нарачано 40 милиони дози од оваа вакцина, што е доволно да се вакцинираат 20 милиони луѓе, бидејќи е потребно секој да прими по две дози. Првите дози ќе пристигнат во земјата во наредните неколку дена.

    Ова е најбрзо развиената вакцина во историјата, имајќи предвид дека од концептот до реализацијата поминаа само 10 месеци. Вообичаено, развојот трае и цела деценија.

    Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ користи целосно експериментален пристап: вбризгување на дел од генетскиот код на вирусот, со цел да го тренира имунолошкиот систем, кој потоа произведува антитела и активира Т-клетки за да ги уништи заразените клетки. Потребни се две дози, примени со три недели растојание.

    Од владата предупредуваат дека иако наскоро ќе почне вакцинирањето, луѓето треба да останат претпазливи и да продолжат да се придржуваат до воведените мерки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира