И ДА ИМА ВЕТО, РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ЗА ДА НЕМА ПРЕЧКИ СЛЕДНОТО ЛЕТО, ВЕЛИ ЗАЕВ

    И ДА ИМА ВЕТО, РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ЗА ДА НЕМА ПРЕЧКИ СЛЕДНОТО ЛЕТО, ВЕЛИ ЗАЕВЗаев кажа дека Владата е подготвена да ги објави записниците за петте историски личности, за да испратиме порака дека со тоа почнува процесот на имплементација на договореното меѓу Македонско-бугарската комисија.-Заев и Борисов. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев вели дека без разлика дали Бугарија ќе ја блокира првата Меѓувладина конференција, разговорите и понатаму ќе продолжат за да се најде решение до следниот момент.

    „Треба да продолжат разговорите со Бугарија без разлика на исходот на министерскиот совет на ЕУ на 8 декември. Треба да продложиме да градиме пријателска атмосфера и да ги решаваме проблемите, па и овој проблем кој се појави пред кратко време. И овие денови целиот владин тим прави напори да се изнајдат решенија, иако јасно објаснивме и го подготвиме народот дека постои можност да не се усвои преговарачката рамка. Сепак стратегија на државата е дека треба да разговараме, во најмала рака да создаваме атмосфера и да отстрануваме пречки за следното лето, да правиме максимални напори до следниот момент“, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на промоција на фотонапонска централа на ЕВН Македонија во Неготино.

    Заев рече дека им гарантира на граѓаните дека никој не преговара за македонскиот идентитет и јазик. Тоа е наше право на самоопределување рече тој и се што е поврзано со тоа прашање е конечно да се симне билатералната спогодба со Бугарија, да зборуваме за македонски јазик согласно Уставот на Северена Македонија и бугарски јазик согласно уставот на Бугарија.

    Во однос на работата на македонско-бугарската комисија за историски прашања Заев кажа дека работата тргнала и состанокот се одвива во пријателска атмосфера.

    „Комисијата од 14 записници има решено три, со очекување денеска да се решат останатите 11. Нашата Влада е подготвена да ги објави записниците за петте историски личности, за да испратиме порака дека со тоа почнуваме со процесот на имплементација на договореното во учебниците за 2021-2022 година“, рече Заев.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира