ТАНЦ НА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ НА ЦРВЕНИТЕ ФЕНЕРИ ОД УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА ВО СКОПЈЕ

    ТАНЦ НА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ НА ЦРВЕНИТЕ ФЕНЕРИ ОД УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА ВО СКОПЈЕНеколкучасовниот настап на девојките го следеа стотина граѓани, кои ги поздравуваат и правеа селфи со нив.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Пет девојки во жешките излози на Универзална сала во Скопје го доближија шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам.  Пред црвените излози неколкучасовниот настап на девојките го следеа стотина граѓани, кои ги поздравуваа и правеа селфи со нив.

    Перформансот беше дел од одбележувањето на 17 декември, Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работнички.

    Годинава поради пандемијата на ковид-19 не се одржаа традициналниот Марш на црвениот чадор низ Скопје, туку сексуалните работнички на Плоштадот Македонија ги отворија црвените чадори и со транспаренти порачаа „Нашите тела не се јавни простори“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира