ГЕРМАНИЈА ДОНИРАШЕ 84 РЕСПИРАТОРИ ВРЕДНИ 878 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО

    ГЕРМАНИЈА ДОНИРАШЕ 84 РЕСПИРАТОРИ ВРЕДНИ 878 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВОГерманската амбасадорка Анхе Холштајн и министерот венко Филипче на денешното примопредавање на донацијата. (Фото: Германска амбасада)

    Германија денеска му донираше 84 аспиратори на Министерството за здравство. Покрај респираторите, донирани се и 100 пулсоксиметри, а вкупната вредност на донацијата е 878.768 евра.

    „Секаде во Европа се справуваме со корона пандемијата, а притоа европската солидарност е од големо значење. Сé додека не се безбедни сите, не е безбеден никој од нас. Од тие причини Германија ја поддржува Република Северна Македонија во борбата против корона пандемијата“, велат од германската амбасада во земјава.

    Од Германската амбасада додаваат дека донацијата е реализирана благодарение на одличната соработка меѓу Владите на Германија и Северна Македонија и во партнерство со канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје.

    Денеска амбасадата на Германија донираше и медицинска опрема во вредност од 16.000 евра за Поликлиниката во Шуто Оризари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира